Ептен заслужено: Македонец го има вториот најатрактивен потег во Еврокупот (ВИДЕО)

Фантастичната акција по која ги постигна победничките поени за Хувентуд во синоќешната пресметка со Нантер (79-77), на македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, му донесе и место на Топ 10-листата најдобри потези од шестата рунда во Еврокупот.

Плејмејкерот иако млад по години, одигра како најискусен ветеран, а со првиот дриблинг речиси му ја „скрши кичмата“ на реномираниот американски противник од спротивната страна. Димитријевиќ го одигра мечот на кариерата, завршувајќи како најдобар стрелец со 23 поени.

Пред него се најде само Сем Декер од Локомотив Кубан, со моќно забивање на дуелот со Ритас.