Ефес ја доби „мајсторката“ и ја елиминираше Барселона!

Анадолу Ефес ја елиминираше Барселона, откако славеше во „мајсторката“ со 80-71 и тие се последен патник на фајнл-форот во Евролигата.

Барселона тргна подобро на гостувањето во Истанбул, па имаше водство од 28-23 по првата четвртина, а до полувреме Ефес направи пресврт и поведе со 47-42.

Во второто полувреме се играше израмнето, па Каталонците не успеаа да го намалат водството на противникот, а во последната четвртина Ефес дополнително притисна и ги постави конечните 80-71.

Најефикасни кај домаќинот беа Мерман и Ларкин со по 18 поени, а кај Барселона најдобри беа Синглтон и Ертел со по 12 постигнати поени.