Ефес го растури Баерн, Барселона сигурна против Панатинаикос

Анадолу Ефес славеше на гостувањето во Минхен кај Баерн со 88-63, додека Барселона беше сигурна во Атина против Панатинаикос со 92-81.

Баварците се бореа храбро во првата четвртина, која ја загубија со 17-19, по што Ефес ги растури до крајот на првото полувреме (37-25). Во продолжение од мечот доминираше гостинскиот тим, кој триумфираше со 88-63.

Барселона од друга страна имаше лош почеток на мечот во Атина, каде што губеше на паузата меѓу полувремињата со 38-45, по што почна пресвртот во вториот дел.

Каталонците ја добија третата четвртина со 29-24, додека во последната доминираа од самиот почеток и триумфираа на крај со убедливи 92-81. Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Миротиќ со 20 постигнати поени.

На последниот меч, кој се одигра Макаби Тел Авив ја победи Валенсија со 85-82.