Драма во Атина: Избегната пресметка помеѓу кошаркарите (ВИДЕО)

Во завршницата на мечот од плејофот во Евролигата меѓу Панатинаикос и Реал Мадрид, Танасис Адетокунбо се нафрли на Руди Фернанадез и поради тоа доби техничка, односно петта лична грешка, а помешаницата беа исклучени бекот на Реал и Крис Синглтон.

„Кралевите“ по катастрофата во првиот меч, успеаа да се вратат по само два дена во Атина и да направат „брејк“, па сега ќе имаат шанса на свој терен на 25. и 27. април со две победи да се пласираат на фајнл-форот во Белград.