Драма меѓу Уникс и ЦСКА: Димитријевиќ промаши тројка за триумф (ВИДЕО)

ЦСКА Москва на македонскиот тренер Емил Рајковиќ го доби големото дерби против Уникс Казан и Ненад Димитријевиќ со 95-93 во ВТБ-лигата.

Голема борба се водеше од самиот старт на мечот, а Уникс ја доби првата четвртина со 27-23, по што разликата почна да се топи и ЦСКА го искористи тоа за да поведе со 32-29. Меѓутоа, по многу возбудувања на паркетот на полувреме со водство од еден поен (47-46) замина тимот на македонскиот кошаркар Димитријевиќ.

Уникс продолжи да ја зголемува предноста во однос на ЦСКА и избега на +14 (66-52), но Рајковиќ ги разбуди своите избраници во последната четвртина и тие изборија продолженија (84-84).

ЦСКА беше подобра во продолжението, каде што постојано имаше водство, а на крајот Димитријевиќ имаше шанса да го израдува Уникс, но промаши тројка откако беше под голем притисок.

Димитријевиќ постигна 19 поени за Уникс, додека Алексеј Швед даде 25 поени за победничкиот клуб.

Екипата на Рајковиќ останува прва по 14 кола со 14 победи, додека Уникс е втор со две победи помалку од лидерот.