Димитријевиќ со магичен потег донесе победа за Хувентут во Еврокупот (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ беше најзаслужен за синоќешната победа на Хувентут од 79-78 против Нантер во Еврокупот. 

Самиот ја презеде одговорноста во последниот напад, изведе фантастичен „крос овер“, погоди во кошот на противникот и изнуди прекршок. Димитријевиќ го реализираше и дополнителното слободно фрлање на четири секунди до крајот и му донесе победа на својот тим од 80-78. 

Македонецот го заврши натпреварот со 23 поени.