Димитријевиќ најдобар во триумфот на Хувентуд против Манреса

Хувентуд запиша триумф од 96-68 против Манреса во шпанскиот шампионат, а македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше најдобар во победата на неговиот тим.

Манреса играше добро само на почетокот од дуелот, но Хувентуд набрзо ги презема работите во свои раце и почна да го диктира темпото на теренот, а на полувреме водството изнесуваше 36-29.

Во вториот дел Хувентуд целосно ја распарчи Манреса, па водството на тимот на Димитријевиќ постојано растеше до конечни 96-68.

Димитријевиќ постигна 14 поени, два скокови и три асистенции на натпреварот и беше најефикасен во редовите на Хувентуд.