Димитријевиќ и Валенсија со триумф го отворија Еврокупот

Валенсија го почна својот настап во Еврокупот со триумф од 92-82 против Прометеј, а македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ имаше солиден настап и постигна девет поени и 11 асистенции за својата екипа.

Гостинскиот тим имаше почетно водство од 5-2, но потоа Валенсија го сврте резултатот во своја корист и ја доби првата четвртина со 28-24. И во продолжение остана водството за домаќините, кои на полувреме заминаа со 47-43.

Нов пресврт на натпреварот се случи во третата четвртина, кога Прометеј имаше водство од три поени (59-56), но во завршницата Валенсија влезе во одлична серија и повеќе не можеше да ја запре ривалот, па предноста се искачуваше до +10 (92-82).

Димитријевиќ успеа да постигне девет поени и 11 асистенции и така ѝ помогна на својата екипа за успешен старт во натпреварувањето.