Димитријевиќ блесна во прво полувреме, но Хувентуд на крајот загуби од Уникаха

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одлично прво полувреме против Уникаха, но на крајот неговиот тим загуби со 89-98.

Димитријевиќ го почна мечот со седум поени и две асистенции за само три минути, додека до крајот на првото полувреме успеа да постигна 13 поени, три асистенции и еден скок, иако Хувентуд имаше негатива од 36-39.

Во второто полувреме Македонецот додаде уште три поени (вкупно 16), а мечот го заврши и со четири загубени топки.

Ова е втор пораз за Хувентуд, кој претходно беше поразен и од Барселона, а успеа да слави по продолженија против Билбао.