Де Коло ги измеша спортовите: Ваква фудбалска одбрана немало на кошаркарски меч (ВИДЕО)

Руска ЦСКА Москва во вториот меч од плејофот во руското првенство го победи Химки со 103-92 и поведе со 2-0 во серијата, но мечот го одбележа неверојатниот потег на Нандо Де коло, кој ги изненади сите.

Француската ѕвезда одигра фудбалска одбрана во една контра на Химки, па се залета со лизгачки старт и со нога да ја исфрли топката во аут. Во секунда Де Коло се претвори во еден од најдобрите фудбалски стопери, па експресно стана мета на потсмев за потегот.