Дарушафака се врати од „мртвите“: Фенер прокоцка осум поени за 18 секунди (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар одиграа Фенербахче и Дарушафака (103-91), а вистинско лудило се случуваше во последната четвртина од мечот.

Кога Нанде Де Коло постигна две поени за 85-77 многумина помислија дека мечот е решен, но тогаш Дарушафака се разбуди од сон.

Џош Магети со тројка од осум метри ја врати надежта на Дарушафака, а потоа беа постигнати уште пет поени во кошот на Фенербахче за 85-85 во регуларниот дел од средбата, по што мораше победникот да се решава по продолжение.

Најдобар во победничкиот тим беше Де Коло со 31 постигнат поен, девет асистенции и седум скокови.