ЦСКА славеше во Санкт Петербург, Жалгирис го шокираше Фенербахче

Кошаркарите на ЦСКА Москва успеаа да слават на гостувањето во Санкт Петербург кај Зенит со 87-70, додека Фенербахче на домашен терен беше шокиран од Жалгирис Каунас со 76-79.

Екипата од Москва успеа да направи предност од 11 поени по само десет минути игра (26-15), а до полувреме го одржуваа водството, па заминаа со водство од 48-37.

Иако на почетокот на третиот период Зенит имаше -17, сепак тие се вратија и успеаа да израмнат на 59-59. Сепак, во завршницата ЦСКА одигра одлично, па славеше со 87-70.

Најефикасен во победничкиот тим беше Мајк Џејмс со 16 поени, додека на другата страна најдобар беше Густаво Ајон со 20 поени.

Фенербахче на полувреме против Жалгирис имаше водство од 40-33, а на крајот успеаа да слават гостите со 79-76 по неверојатен пресврт.. Додека Валенсија беше подобра од Лион со 81-72.