ЦСКА подобра од Валенсија во Москва, Жалгирис со пресврт до триумф против Лион

ЦСКА Москва го победи тимот на Валенсија во рамки на шестото коло од Евролигата со 84-75, но потешко од очекуваното.

Домаќинот беше во незгодна серија од два порази, а гостите тргнаа добро во мечот, па имаа и предност во првата четвртина. Сепак, рускиот тим благодарение на Џејмс поведе со +9 на полувреме.

Валенсија собра сила за да ја врати резутатската неизвесност (58-59), но ЦСКА се освети и до крајот со одлична игра славеше со 84-75.

Џејмс беше најдобар кај ЦСКА со 17 поени, додека Калиниќ за гостите постигна 15 поени.

Во вториот меч вечерва Жалгирис со голем пресврт го совлада Лион на крајот со 83-74.