ЦСКА Москва сигурна против Валенсија, Зенит го изненади Олимпијакос

ЦСКА Москва го запиша четвртиот триумф по ред во Евролигата, откако денеска беше подобра од Валенсија со 81-70, додека Зенит го изненади Олимпијакос со 91-87

Екипата од Москва го отвори добро мечот против гостите, па речиси во текот на целата прва четвртина имаа предност, освен при 12-15, но затоа во втората четвртина влегоа со водство од 20-17, а на полувреме заминаа со 42-39.

Валенсија не успеа да се врати ниту во второто полувреме, па по израмнетата трета четвртина, Шпанците немаше што повеќе да бараат во последниот период од играта и на крајот ЦСКА триумфираше со 81-70.

Од друга страна, Зенит одигра пеколна завршница против Олимпијакос, но и покрај тоа ја зачува предноста и победи со 91-87.