ЦСКА Москва на праг да го елиминира Фенербахче од Евролигата

ЦСКА Москва зголеми на 2-0 во четвртфиналната серија против Фенербахче, откако денеска руската екипа беше подобар со 78-67.

Фенербахче имаше добра прва четвртина, која ја доби со 25-23, а водството го одржуваа до 37-35, по што почна нивниот пад и на полувреме ЦСКА веќе имаше предност од 50-42.

ЦСКА избега и на +10 (52-42) во третата четвртина, но Фенербахче со одлична серија од 9-0 намали на само еден поен разлика (51-52). Сепак, во последниот дел од мечот, по голема борба рускиот гигант славеше со 78-67.

Најефикасен во победничкиот тим беше Даниел Хакет со 14 поени, додека кај Фенербахче најдобар беше Марко Гудуриќ со 27 поени.