ЦСКА Москва без мака го реши Панатинаикос

Рускиот гигант ЦСКА Москва славеше на домашен терен против Панатинаикос со 93-86 во последниот натпревар од регуларниот дел во Евролигата.

ЦСКА играше одлично во завршницата на првата четвртина, која ја доби со +8 (27-19), а нивното водство на полувреме се зголеми на 49-39. Панатинаикос успеа дури во финишот да намали на пет разлика (86-91), но немаше сила за целосен пресврт.

Лундберг беше најдобар во екипата на ЦСКА со 19 поени, додека Папапетру постигна 15 поени за грчкиот тим.