Црвена Звезда со прв домашен пораз во Евролигата

Црвена Звезда вечерва загуби од Алба Берлин во Белград со 63-78 во рамки на 5.коло во Евролигата. 

Белграѓани одиграа очајна втора четвртина во која Германците ја направија својата разлика. Домашниот тим потоа немаше сили никако да се приближи до водството на гостите, кое на крајот изнесуваше 15 поени разлика.

Маодо Ло со 17 поени беше најефикасен кај Алба Берлин, додека кај Звезда најмногу се истакна Огњен Кузмиќ со 16 поени.

До овој момент заврши уште еден натпревар од 5.коло, ЦСКА Москва со 88-82 беше подобра од Олимпијакос. За рускиот тим ова е четврта победа по ред.