Црвена Звезда преговара со Димитријевиќ!?

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е голема желба на Црвена Звезда, која наводно веќе почнала преговори со агентот на кошаркарот на Валенсија.

Италијанскиот новинар Лука Д’Алесандро објави дека Ц. Звезда ќе се обиде во следниот период да го добие потписот на македонскиот кошаркар, кој минатата сезона во просек постигнуваше по 9,4 поени и 4,2 асистенции за Валенсија.

Димитријевиќ минатата година ја засили Валенсија, а претходно играше пет години за Хувентуд.