Црвена Звезда не успеа да ја изненади ЦСКА во Москва

ЦСКА Москва во последното коло од регуларниот дел на евролигата на свој паркет ја победи Црвена Звезда во натпревар без никакво резултатско значење со 92-81.

Екипата од Москва одамна обезбеди пласман понатаму додека Звезда остана без шанса за некое од првите осум места.

Звезда одлично го отвори мечот и по четири минути игра стигна до 11 поени предност, но домаќините набрзо се вратија, па првата четвртина заврши со предност на екипата од Белград од 24-23. До крајот на полувремето го зголемија своето водство на 44-37 на полувремето.

Сепак, ЦСКА како да се разбуди во второто полувреме, па успеа да го превземе водството уште во претпоследната четвртина, а на крајот лесно го завршија натпреварот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Витали Фриџори со 20 поени додека два помалку постигна Кори Хигинс.