Кошаркарите на Црвена звезда славеа на гостински терен во Каунас против Жалгирис со 61-59, во рамки на 10. коло во Евролигата.

Со оваа победа, „црвено - белите“ ја прекинаа серијата порази во сите натпреварувања. Ова е трета победа за тимот од Белград во Евролигата, со која му го препуштија последното место на руски Зенит.

Речиси сите кошаркари од победничкиот тим се запишаа во листата на стрелците (освен Никола Јовановиќ), а меѓу нив најефикасен беше Били Барон со 14 коша. На спротивната страна по 11 поени постигнаа Мариус Григонис и Едгарас Улановас.