Црвена Звезда храбро се бореше, но Химки го надигра српскиот тим

Химки ја запиша првата победа во Евролигата сезонава, откако на домашен терен беше подобар од Црвена Звезда со 83-77.

Химки имаше добар старт на натпреварот на домашен терен, при што создаде водство од 13-8, но потоа Ц. Звезда додаде гас и ја освои првата четвртина со 22-19. До крајот на полувремето се водеше голема борба меѓу кошаркарите, а домаќинот замина на пауза со 44-40.

Српскиот тим играше добро и во третата четвртина, каде што имаше предност од 53-48, но потоа Химки направи пресврт (58-57). Ц. Звезда последното водство го имаше на стартот на последниот период од играта (60-58), по што домаќините наметнаа темпо и до крајот не го испуштија водството, кое го крунисаа со триумф (83-77).

МекКолум беше најефикасен кај Химки со 23 постигнати поени, додека Лојд постигна 16 за Ц. Звезда.