Црвена Звезда ги измачи Каталонците, Баерн лесно излезе на крај со Макаби

Каталонскиот гигант Барселона многу потешко од очекуваното успеа да триумфира против Црвена Звезда со 86-82, додека победа запиша и Баерн Минхен против Црвена Звезда со 86-82.

Барселона одлично ја отвори првата четвртина од средбата, која ја доби со 29-19, по што српскиот тим до полувреме успеа да направи пресврт и да поведе со 42-41.

Ц. Звезда водеше и во второто полувреме, откако ја доби третата четвртина со 24-21, но во последниот период од играта Барселона буквално го скрши отпорот на противниците и на крајот триумфираше со 86-82.

Најдобар во редовите на Барселона беше Никола Миротиќ со 25 поени, а кај Ц. Звезда најефикасен беше Лоренцо Браун со 15 поени.

Баерн Минхен без многу проблеми успеа да го совлада Макаби Тел Авив со 80-68, иако израелската екипа одигра добро прво полувреме.