Црн ден во Италија, но кошаркарите на Виртус Болоња се вратија на тренинг!

Во Италија вчера беше потврдено дека починале 793 лица од коронавирус, но тоа не ги спречи кошаркарите на Виртус од Болоња да се вратат на тренинг.

Веста од Италија делува малку неверојатно затоа што тие се соочуваат со огромен проблем и владее хаос во државата, но и покрај тоа тренерот Александар Ѓорѓевиќ вели дека ќе продолжат со подготовки, иако сите натпреварувања се запрени.

Ѓорѓевиќ вели дека сопствениците на клубот побарале кошаркарите да бидат во форма и покрај тоа што не е познато дали ќе продолжат натпреварувањето, а исто така најавиле дека ќе прават дезинфекција на цел тренинг-центар.