Четврта победа во низа: Ц. Звезда подобра од Виртус Болоња во Евролигата

Српскиот гигант Црвена Звезда славеше против Виртус Болоња со 83-74 за четврта победа по ред во Евролигата и така фати приклучок кон позициите кои носат во нокаут-фазата.

По почетното водство од 2-0 на Ц. Звезда почна доминацијата на италијанската екипа која ја доби првата четвртина со 23-17, но водството не го задржа и на полувреме бидејќи кошаркарите на „црвено-белите“ направија пресврт (42-41).

Ц. Звезда не дозволи неизвесност во третата четвртина, каде што издоминира во завршницата и во последните 10 минути влезе со предност од 67-55, додека нивното водство во еден момент достигна и +17 (81-64).

Добриќ беше најефикасен во победничката екипа со 17 поени, еден скок и три асистенции, додека Жаите запише 15 поени за Виртус Болоња.