Чарли Чаплин да им позавиди: Во Ерменија се игра кошарка од која ќе - плачете од смеење! (ВИДЕО)

Ерменија дефинитивно не влегува во кругот земји со развиена кошарка, но и покрај тоа тешко дека може да се очекува ваков неквалитет на официјални натпревари во оваа држава, какви што може да се видат во средбите од Втората лига.

Минатиот викенд во центарот на вниманието беше „дербито“ помеѓу двете најдобри екипи во второлигашката конкуренција, Ткамберт и Легион, од кои добро ќе се изнасмеете гледајќи ги „најдобрите“ потези од овој натпревар.

Една недела подоцна, тимот на Легион, чиј просек на возраста на играчите не е под 50 години, одигра уште еден дерби натпревар во кој настапи засилен со 215-сантиметри високиот Армен Ховханишијан, кој има „само“ 48 години. Но, тоа не му пречеше на дебито да има остварување од 30 поени, 30 скока и 15 блокади.

Убаво проследете ги извадоците од овие натпревари, ви гарантираме подобро смеење од гледањето на некоја најдобра филмска или театарска комедија.