Цела сала стана на нозе: Брутално забивање во Евролига (ВИДЕО)

Кошаркарите на Валенсија моментално играат на свој терен против екипата на Химки во рамки на 10. коло во Евролигата.

Средбата меѓу Валенсија и Химки понуди навистина добра кошарка и се чини дека победникот нема да знае до самиот крај.

Меѓутоа, како и да заврши натпреварот, шоуто го „украде“ Девин Букер. Овој кошаркар на Химки имаше маестрално забивање кон крајот на втората четвртина по кое доби овации и од домашната публика, бидејќи ваков кош ретко се гледа во Евролигата.