Ц. Звезда среде Тел Авив го урна Макаби, победи за ПАО и Барса

Белградска Црвена Звезда го освои Тел Авив и го победи шесткратниот европски првак и израелска гордост Макаби со вечерашната победа со 75-63 во кошаркарската Евролига, за прва победа сезонава во најелитното кошаркарско натпреварување.

Белградските црвенo-бели со перфектен меч уште од почеток ставија до знаење дека се дојдени по победа, па после првиот период веќе направија двоцифрена предност и потоа знаеа и умееа да го држат Макаби на дистанца за да дојдат до триумфот, иако израелскиот тим имаше свои налети, но тимот на Душто Радониќ умееше да ги запре, па со повторно одлична трета четвртина практично да си го расчисти патот за триумфот, најмногу и поради добрата одбрана што ја одигра српскиот тим и само 63-те примени поени.

Никола Калиниќ беше предводник со 19 поени, додека Вилбекин беше најпрецизен кај Макаби со 18 поени.

Барселона со 80-72 го победи Баерн Минхен за втора победа, а триумф запиша и Панатинаикос против Фенербахче во суперинтересна завршница со 91-87, додека Зенит славеше кај Жалгирис со 70-64