Ц. Звезда немоќна пред домашните навивачи: ЦСКА со триумф си замина од Белград

Црвена Звезда загуби во 25. коло од Евролигата пред домашната публика со 81-86 од ЦСКА Москва и така испушти шанса да се приклучи во трката за плејофот.

Српскиот гигант имаше добро прво полувреме, откако почна со 17-16 во првата четвртина, а на паузата замина со водство од 37-36.

ЦСКА одигра одлична трета четвртина, која ја доби со 24-16, по што Ц. Звезда не успеа да направи пресврт, иако се приближи во еден момент на 58-60.

Најдобар во победничкиот тим беше Мајк Џејмс, кој постигна дури 29 поени.