Бунт во Фенербахче: Кошаркарите бесни на Обрадовиќ зашто ги оставил на - цедило!

Катастрофалната атмосфера во таборот на поранешниот европски шампион Фенербахче поради лошите резултати, деновиве дополнително се влоши откако во јавноста излезе текст дека играчите веќе два месеци немаат добиено плата.

Хаосот во клубот настанал откако тие дознале дека тренерот Жељко Обрадовиќ бил целосно исплатен за целата сезона, поради што се почувствувале предадени од својот стратег. Затоа и не зачудува што Фенер во моментов е третопласиран на табелата во турското првенство, зад Анадолу Ефес и Пинар Каршијака додека во Евролигата водеше грчевита борба за влез во плејофот додека не дојде прекинот поради коронавирусот.

Засега нема потврда на ваквите пишувања на италијанските медиуми, а свој коментар со само два збора испрати и поранешниот член на овој тим, српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ, кој сега настапува за Сакрменто кингс.

„Нема шанси“, се зборовите на кошаркарот, алудирајќи дека Обрадовиќ никогаш не би ги оставил своите играчи на цедило.