Бугарин убедливо најплатен во Евролигата – и нашиот Нено е меѓу милионерите!

На неколку дена пред стартот на новата сезона во Евролигата, кошаркарскиот портал „Јурохупс“ ја објави листата на најплатени кошаркари во кампањата 2024/2025, а чиј врв се наоѓа – кошаркар од Бугарија.

Новинарот Арис Баркас се повика на сопствени извори, а сите бројки се наведени без да се одбијат локалните даноци. Листата ја предводи бугарскиот репрезентативец, Саша Везенков, кој од НБА се врати во грчки Олимпијакос, а зад него се Шејн Ларкин и Мајк Џејмс, а во Топ 5 се најдоа и Костас Слукас и Валтер Таваерс.

Поранешниот капитен на Партизан, Кевин Пантер, кој минатото лето се пресели во шпанска Барселона, е шести. Нашиот Ненад Димитријевиќ, пред кого е деби-сезона во најсилното европско натпреварување, е ставен во кругот кошаркари кои ќе инкасираат најмалку милион долари, без да се прецизира неговата плата.

СПИСОК НА НАЈПЛАТЕНИ КОШАРКАРИ ВО ЕВРОЛИГАТА

1. Саша Везенков (Олимпијакос) – 4,1 милиони долари

2. Шејн Ларкин (Анадолу Ефес) – 3,75 милиони

3. Мајк Џејмс (Монако) – 3 милиони

4. Костас Слукас (Панатинаикос) – 2,8 мил

5. Валтер Таварес (Реал Мадрид) – 2,7 мил

6. Кевин Пантер (Барселона) – 2,6 мил

7-8. Кендрик Нан (Панатинаикос) – 2,5 милиони

7-8. Никола Миротиќ (Олимпија Милано) – 2,5 мил

9. Дариус Томпсон (Анадолу Ефес) – 2,3 милиони

10-14. Еван Фурние (Олимпијакос) – 2,2 милиони

10-14. Најџел Хејс-Дејвис (Фенербахче) – 2,2 милиони

10-14. Вили Ернангомез (Барселона) – 2,2 милиони

10-14. Винсент Поаре (Анадолу Ефес) – 2,2 милиони