Будуќност го изненади Реал Мадрид, Ефес подобар од Дарушафака
Будуќност ја доби првата четвртина со 19-15, а продолжи со добрата игра до полувреме и замина на полувреме со предност од 36-28.
Во третата четвртина Реал Мадрид играше добро, но Будуќност одолеа и не им дозволи на „кралевите“ да го намалат водството и на крајот ги совладаа со 73-60.
Норис Кол постигна 14 поени во победата на Будуќност, додека кај „кралевите“ најдобар беше Серхио Лул со 10 поени.
Останати резултати:
Анадолу Ефес – Дарушафа 82-68
Жалгирис – Панатинаикос 82-69