„Бомба“ во соблекувалната на Барса: Се распаѓа најскапиот проект во европската кошарка!

На почетокот на сезоната, каталонскиот кошаркарски гигант, екипата на Барселона, мислеше дека ги сложи коцките. Со буџет од 42 милиони евра и скапи засилувања со кои комотно можеа да играат и во НБА лигата, а сега одеднаш играчите ја бојкотираат работата на трофејниот тренер Светислав Пешиќ.

Пешиќ е познат како човек кој бара голема дисциплина, воден од добро проверени ставови и правила што не можат да се прекршат лесно. Ова очигледно не им одговара на сите кои и покрај одличните резултати, па сакаат да го отстранат српскиот тренер.

Па, иако „Марка“ не ги наведува сите детали од соблекувалната, тоа што го гледаат на теренот е доволно за да се открие хаваријата во Барселона. Според овој реномиран медиум, имало голема кавга во соблекувалната заради анимозитетот кој постои кон Пешиќ уште од минатата сезона.

Иако Барселона ја води во Евролига со пет победи и еден пораз, ситуацијата во соблекувалната е далеку од идеална. Анимозитетот кон Пешиќ се зголемува. И тоа не е само меѓу оние што го познаваат од минатата сезона, туку и од играчи кои штотуку пристигнаа во клубот. На новите им беше потребно извесно време за да се уверат дека реалноста дури и ги надминува негативните коментари на играчите со кои тренерот претходно работеше, се вели во написот на весникот од Мадрид,

Тие не запираат тука, туку опишуваат како се чувствува секој играч индивидуално.

Има многу незадоволни. Еден од нив е Ориол, кој го запре Луис Скола во финалето на СП, а сега речиси и не добива шанса. Другите, како Шмит дури и не добиваат минутажа. Проблемот за Пешиќ е во тоа што е во судир со оние кои играат најмногу. На лицата на играчите е јасно колку се незадоволни од Пешиќ. Дури е и малку грдо да се види какви гестови прави најголемата ѕвезда Миротиќ, додека Пешиќ дава совети за време ан натпревар. И тој не е единствениот - пишува „Марка“.