Бомба од Белград: Ц. Звезда пред потпис со актуелен НБА-шампион со Торонто!

Само еден ден по информацијата за ангажман на одличниот центар Лендри Нок, од таборот на Црвена звезда доаѓа вест за скорешен потпис со плејмејкер кој е актуелен НБА-шампион со Торонто репторс, Џордан Лојд.

Станува збор за 26-годишен кошаркар, кој минатиот шампионат го одигра во дресот на Валенсија. Во таборот на „репторси“, пак, минатата сезона настапи на само 12 средби со просек од 2,5 поени. Неговиот престој во Канада е најпознат по фактот што се најде на најлегендарната фотографија од историскиот успех на Торонто, на која е заедно со Каваи Ленард кога тој го постигнува кошот вреден титула.

Трансферот на Лојд во црвено-белиот табор би можел да биде од корист и за македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, со оглед на интересот на Валенсија за негов потпис. Заминувањето на Американецот би значело отворање слободно место на позицијата на која игра нашиот кошаркар и олеснуваќки фактор за финиширање на преговорите помеѓу Македонецот и евролигашот од Шпанија.