Блескав старт на Димитријевиќ на мечот со Уникаха (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ го почна мечот против Уникаха на најдобар можен начин.

Димитријевиќ успеа да постигне седум поени и две асистенции за само три минути, а пред самиот крај на првото полувреме стигна до бројката од 13 поени, три асистенции и еден скок.