Басконија го совлада Баерн, Милано подобар од Дарушафака

Басконија го доби големото дерби против Баерн Минхен со 76-68, па така се израмни по број на победи со германскиот гигант.

Басконија тргна одлично во мечот, па по првата четвртина имаше предност од 19-16, а на полувреме замина со минимална предност од еден поен, односно 38-37.

На почетокот на второто полувреме беше решено прашањето за победникот, кога Басконија стигна до 59-51, па до крајот Баварците не успеаа да направат пресврт и домаќините славеа со 76-68.

Во вториот меч вечерва Милано беше сигурен на домашен терен против Дарушафака и славеше со 90-78.