Басконија го декласираше Баерн , Реал Мадрид сигурен против Алба Берлин

Басконија одигра фантастичен меч пред својата публика, па му одржа кошаркарска лекција на Баерн Минхен, откако го совлада во шестото коло со 93-60.

Басконија уште во првата четвртина го реши мечот, откако поведе со огромни 29-10, а до полувреме зголеми на 52-29.

Во второто полувреме Баварците намалија на 47-64, а до крајот домаќините притиснаа и ги поставија конечните 93-60.

На останатите средби Реал Мадрид славеше против Алба Берлин со 85-71, Милано ја изненади Барселона со 83-70, а Макаби Тел Авив го прегази Олимпијакос со 90-65.