Барселона со триумф се враќа од Санкт Петербург, ЦСКА го елиминираше Фенербахче

Барселона славеше вечерва со 78-70 во дербито против Зенит Санкт Петербург и сега води со 2-1 во четвртфиналната серија во Евролигата, додека ЦСКА Москва го реши Фенербахче (85-68) за третпат и го елиминираше од натпреварувањето.

Каталонците одлично го почнаа натпреварот во Санкт Петербуг и создадоа предност од три поени (13-10), кој веднаш ја стопи Зенит и израмни на 16-16. Големата борба продолжи и во втората четвртина, а на полувреме со водство од еден поен замина Барселона (34-33).

Барселона влезе во ритам во второто полувреме и најпрво поведе со 54-44, а потоа Зенит намали на еден негатива (58-59), но каталонскиот гигант потоа ги презема работите во свои раце и славеше со 78-70.

Најефикасен беше Дејвис со 22 поени, осум скокови и две асистенции во триумфот на Барселона.

Фенербахче имаше ветувачки почеток на мечот и водство од 24-17, но рускиот гигант почна да ја топи предноста на домаќинот и до полувреме го сврте мечот во своја корист (44-39).

Во продолжение од средбата водството на ЦСКА достигна и +24 (68-44), а до крајот на натпреварот со рутинска игра гостите триумфираа со 85-68.

Клејбурн постигна 34 поени за ЦСКА, додека Де Коло даде 22 поени за екипата на Фенербахче.