Барселона подготви дрес за Кевин Дурент (ФОТО+ВИДЕО)

Кевин Дурент летово го напушти Голден Стејт и реши да ја продолжи кариерата во Бруклин. Еден од најдобрите кошаркари на денешницата моментално се опоравува од тешка повреда, па има повеќе слободно време. 

Тој гостуваше во емисијата „Дали си гладен?“ на неговиот поранешен соиграч од Оклахома, Серж Ибака. Во неговата емисија изјави дека при крајот на кариерата би сакал да игра во Европа, поточно во дресот на Барселона.

Каталонскиот клуб веднаш реагираше и испринта дрес со името и бројката на Дурент. Дресот ќе биде подготвен, само кошаркарот треба да одлучи кога сака да дојде.

„Еј Дурент, еве ти дрес од Барселона во случај твојот луд сон да стане реалност“, напиша Барселона.