Барселона по продолженија го скрши отпорот на Зенит

Барселона израмни на 1-1 против Зенит Санкт Петербург во четвртфиналната пресметка, откако вечерва каталонскиот гигант славеше со 81-78.

Голема борба се водеше на теренот меѓу двете одлични екипи, а по првото полувреме водството беше на страна на Барселона (38-29), но Зенит во вториот дел ја стопи негативата и израмни на 66-66. Сепак, по продолженија Каталонците триумфираа со 81-78.

Најдобар во екипата на Зенит беше Пангос со 23 поени, додека Дејвис постигна 22 поени за Барселона.