Барселона останува перфектна во Евролигата (ВИДЕО)

Кошаркарите на Барселона стигнаа и до петтата победа на исто толку натпревари во Евролигата откако вечерва го декласираа Зенит со 84-58. 

Само првата четвртина беше неизвесна, што заврши со 20-19, но потоа на рускиот состав му се случи потоп. На полувремето Барселона водеше со 44-27. Потоа разликата само се зголемуваше за конечни 84-58. 

Никола Миротиќ со 20 поени беше најефикасен кај Каталонците, додека кај гостите ниту еден кошаркар немаше двоцифрен ефект во нападот. 

Басконија го совлада Монако со 78-66.