Барселона го суреди Панатинаикос, ЦСКА Москва подобра од Макаби Тел Авив

ЦСКА Москва славеше на гостувањето кај Макаби Тел Авив со 84-80, додека Барселона беше подобра од Панатинаикос со 85-77.

Барселона ја доби првата четвртина со 26-17, а водството го одржуваше до крајот на првото полувреме и тоа изнесуваше 47-39.

Грчката екипа неколку пати се обиде да се врати во игра и тоа делумно им успеа во последната четвртина, кога намалија на шест поени разлика (64-70), но Барселона одигра сигурно до крајот и славеше со 85-77.

Хезоња беше најдобар кај каталонскиот гигант со 21 поен, додека Хигинс постигна 16 поени за Панатинаикос.

ЦСКА одигра одлично прво полувреме кое го доби со +18, односно 51-33 и многумина го отпишаа Макаби од натпреварот. Сепак, домаќинот не се откажа толку лесно и се бореше до последниот судиски свиреж, а на крајот загуби со пристојни 80-84.

Резултати:

Анадолу Ефес – Валенсија 99-83
Жалгирис – Лион 85-75