Барселона го претстави најновото засилување - Никола Калиниќ

Српскиот кошаркар Никола Калиниќ потпиша договор со Барселона до јуни 2024 година. 

Минатата сезона одигра одлично во дресот на Црвена Звезда, но и покрај тоа што имаше опција да го продолжи договорот на уште една сезона, по интересот од Барселона реши да се пресели во Шпанија. Во Евролигата лани имаше просек од 12,6 поени, 3,9 скока и 3,4 асистенции по натпревар, а со белграѓани ја освои тројната круна (српското првенство, српскиот Куп и АБА-лигата). 

Во минатото Калиниќ играше и за Валенсија и Фенербахче.