Барселона го доби дербито против Басконија, Милано поуспешен од Макаби

Кошаркарите на Барселона сосема заслужено славеа над Басконија 77-67, откако беа подобар ривал речиси во текот на целиот натпревар. Милано беше поуспешен од Макаби Тел Авив со 87-83.

„Каталонците“ клучната предност ја направија уште во првата четвртина, која ја добија со 22-9. Потоа избраниците на Светислав Пешиќ го контролираа натпреварот. На полувреме домаќинот имаше +20, 46-26 и беше јасно дека Барселона ќе ја прослави 14 победа во Евролигата. До крајот натпреварот беше само формалност, а поради добрата последна четвртина Басконија загуби со прифатливи 10 разлика.

Најрасположени кај Барса беа Кефин Серафин и Пау Рибас со по 15 поени, кај гостите единствено Шавон Шилдс беше расположен за игра, постигнувајки 18 поени.

Исклучително драматичен натпревар се играше во Италија, поточно во Милано. Домаќините успеаја во драматична завршница да го добијат натпреварот. На полувреме се отиде со нешерен резултат, а Милано  ги доби последните две четртини, што се покажаа како клучни за запишување на дванесетата победа во овогодинешната сезона. 

Во редовите на италијанскиот тим, најефикасен беше Џејмс Мајк кој забележа 19 поени, фантастичнот Скоти Вилбекин со 20 поени не му помогна на Макаби да го избегне поразот.