Барселона го декласираше Жалгирис и им се врати на победите во Евролигата

Барселона славеше против Жалгирис Каунас со 85-62 на домашен терен во 25. меч од Евролигата и така го задржа првото место на табелата.

Жалгирис даде добар отпор во првата четвртина (24-24), но потоа Барселона ги презема работите во свои раце и на полувреме замина со 48-37.

Каталонците продолжија да доминираат и во второто полувреме, па во третата четвртина го решија прашањето за победникот бидејќи стигнаа во водство од 61-47, додека во последната четвртина одиграа рутински за триумф од 86-62.

Хигинс беше најдобар во екипата на Барселона со 19 постигнати поени, додека кај Жалгирис најефикасен беше Хејс со девет поени.

Резултати:

Химки – Басконија 67-89
Анадолу Ефес – Олимпијакос 76-53
Милано – Макаби Тел Авив 87-68