Барса го завери првото место пред стартот на плејофот во Евролигата

Шпанска Барселона го победи Фенербахче со 82-73 среде Истанбул за да го завери првото место пред стартот на плејофот во кошаркарската Евролига.

Иако Фенербахче се обиде да ги урне Каталонците, Игор Кокошков немаше решение, а се случи и голем пех со повредата на Јан Весели, па Кјурик со 16 поени, Брендон Дејвис со 13 и Никола Миториќ со 12 беа предводници во триумфот. Не помогнаа ни 19-те поени на Марко Гудуриќ, како и 17-те на Кајли О'Нил и 12-те на Нандо Де Коло, зашто Барселона имаше дури 15 скока повеќе, а тоа пресуди за да стигнат до триумфот.

Каталонците со победата го завршуваат овој регуларен дел на првото место, истакнувајќи кандидатура како први фаворити барем засега за европската круна. Со скор 24-9 се убедливо први пред ЦСКА која има 22-10, Анадолу Ефес е на 22-11, а следат Олимпија Милано, Фенербахче и Баерн со скор 20-13, додека Реал Мадрид и Зенит имаат скор 18-14.

Во другите мечеви, вечерва Валенсија како гостин славеше кај Алба со 90-86, ЦСКА без мака го победи Химки со 97-72, а Зенит го растури Асвел со 87-53