Баерн Минхен ја реши ЦСКА Москва, Ц. Звезда се бореше храбро, но загуби од Лион!

ЦСКА Москва вечерва беше поразена на домашен терен од Баерн Минхен во возбудлив меч со 66-69, додека Црвена Звезда загуби од Лион со 78-81.

Во првата четвртина се водеше голема борба меѓу ЦСКА и Баерн, а рускиот тим ја доби со 27-25, по што Баварците на полувреме заминаа со предност од 40-39.

ЦСКА издоминира во третата четвртина, која ја доби со 21-10, но Баерн во последниот период успеа да направи целосен пресврт и славеше со 69-66.

Најдобар во победата на Баерн беше Болдвин со 22 поени, додека Милутинов постигна 16 поени за ЦСКА.

Црвена Звезда се бореше храбро против гостинот во текот на целиот натпревар, а имаше и водство во последните моменти од натпреварот (78-77), но Лион сепак славеше со 81-78.

Кол постигна 22 поени за Лион, додека Волден и Добриќ постигнаа по 17 поени за Ц. Звезда.

Останати резултати:

Алба Берлин – Реал Мадрид 63-72
Панатинаикос – Валенсија 91-71
Басконија – Жалгирис 81-68