Баерн ја загуби битката со Панатинаикос, ЦСКА безмилосна кон Дарушафака

Вечерва беа одиграни четири натпревари во 17. коло од Евролигата, а ЦСКА Москва на гостувањето кај Дарушафака запиша уште еден триумф со 80-65.

ЦСКА уште во првите 10 минути го решија прашањето за победникот, откако добија голема предност пред Дарушафака од 25-16, а продолжија жестоко и до крајот на полувремето (44-34).

Рускиот тим ги доби минимално и останатите две четвртини и на крајот славеше со конечни 80-65.

Најефикасен во победничкиот тим беше Нандо де Коло со 17 постигнати поени, додека кај Дарушафака Картал Озмизрак постигна 13 поени.

Останати резултати:

Панатинаикос – Баерн 77-67
Макаби Тел Авив – Будуќност 81-76
Милано – Барселона 85-90