Анадолу Ефес славеше против Баерн среде Минхен

Баерн Минхен беше поразен на домашен терен против Анадолу Ефес во првото коло од Евролигата со 71-90.

Натпреварот беше израмнет од самиот почеток, па Баварците по првата четвртина имаа водство од 19-18, но до полувремето гостите направија пресврт и заминаа на полувреме со предност од 37-44.

Доминацијата на гостите продолжи и во второто полувреме, откако Анадолу ја доби третата четвртина со 28-14 и на крајот триумфираа со 90-71.

Најдобар во победничкиот тим беше Брук Мотум со 14 постигнати поени, а кај Баерн Минхен најмногу поени постигна Нихад Дедовиќ (14).