Анадолу Ефес ја одбрани европската круна – тројца ги дадоа безмалку сите поени

Анадолу Ефес ја одбрани европската круна и е старо-нов европски првак во кошарка откако вечерва во тесното и кошгетерски слабо финале во Белград во Евролигата, го победи против Реал Мадрид со 58-57.

Триото на старо-новиот првак предводено од Василие Мициќ – Тибор Плајс – Шејн Ларкин ги даде безмалку сите поени за Ефес, поточно 52 од вкупно 58-те на мечот, а само Крис Сингелтон со четири и Брајант Данстон со два беа единствени други стрелци во тимот на шампионот.

Ефес со серијата 14-2 во третата четвртина и почетокот на четвртата направија пресврт откако Реал го диктираше дотогаш ритамот на мечот, по што турскиот тим ја презема контролата, па се играше кош за кош, но последната тројка на Плајс на крај беше пресудна, а завршните 40-на секунди, Ефес умешно ги искористи после прекршоците на противникот за да го потроши времето зашто „кралевите“ не беа излезени од бонус.

Мициќ заврши со 23 поени, Плајс даде 19, а Ларкин додаде 10, додека кај Реал само Валтер Таварес беше двоцифрен со 14 поени.

Двата тима имаа ужасен шут за три поени, Ефес од само 25 отсто (6 од 24 шута), а Реал уште помизерен од 18 отсто (6 тројки од 33 шута).