Анадолу Ефес го освои и Мадрид: Трет пораз во низа на Реал

Дербито на 21.коло во Евролигата му припадна на Анадолу Ефес, кој како гостин славеше со 80-75 против Реал Мадрид. 

За турскиот тим ова е шеста победа по ред, додека „кралевите“ го претрпеа третиот пораз во низа. Шејн Ларкин повторно беше најдобар во составот на Анадолу Ефес со 32 поени, а втор кошаркар со двоцифрене ефект во тимот беше Тибор Плеис со 13 поени. Кај Реал, најмногу се истакна Треј Томкинс со 15 поени, Серхио Љуљ имаше 13 поени. 

Ефес останува лидер на табелата со убедливи 18 поени и само три порази сезонава, додека Реал е трет со скор од 15-6.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ ВЕЧЕРВА
Фенербахче - Милано 73-64
Жалгирис - Алба 104-80 
Панатинаикос - Лион 100-88